Рекордно високи температури во Грција, на Крит вчера измерени 38 степени


Грција– Во текот на вчерашниот ден, во одредени делови на Грција биле регистрирани рекордно високи температури, несвојствени за почеток на мај, според податоците од Националната опсерваторија во Атина и порталот „Метео“, јави дописничката на МИА од Атина.

Највисоката температура била регистрирана на островот Крит, 38 степени Целзиусови, во централна Грција 37 степени, а на Пелопонез 35,6 степени.

Во девет различни делови на земјата, температурата вчера била од 7,7 до 13,5 степени повисока споредбено со првите десет дена од мај во периодот 2010-2019 година.