Рекордни 65.000 луѓе учествуваа во новогодишното капење во морето во Холандија
Повеќе од 65.000 луѓе на првиот ден од Новата година учествуваа во традиционалното новогодишно капење во морето во Холандија, а повеќе од 10.000 луѓе скокнаа во морето од плажа во областа Шевенинген во Хаг.
#nieuwjaarsduik Hilgelo Winterswijk zorgt voor fris maar bovenal vrolijk en trots begin van 2024. pic.twitter.com/5xF1kc4q83
— WimRuesink (@WimRuesink) January 1, 2024
Како што објави порталот NL Times, бројката од 65.000 луѓе претставува нов рекорд, а луѓето скокнале во морето од 163 локации во Холандија, од претходниот 1 јануари околу 50.000 луѓе учествувале во пливање, скокајќи во морето од 143 локации во државата.
Температурата на водата на плажата во Шевенинген била околу седум степени Целзиусови и имало силен ветер, а како што пренесува NL Times, сонцето се појавило само кога луѓето излегле од водата, се сушеле и јаделе топла супа.