Реконструкција на јапонски начин: Две жени во владата и синот на премиерот
Јапонскиот премиер Шинѕо Абе го реконструира својот кабинет во кој помеѓу новите министри се и две жени и синот на поранешниот премиер Јуничиро Коизуми, Шинџиро Коизуми.
Шинџиро Коизуми со 38 години е најмлад министер во јапонската Влада бидејќи другите се на возраст од околу 50 години.
За министерка за внатрешни работи и комуникации е именувана Сана Такаичи, додека поранешната лизгачка на мраз Сеико Хашимото е назначена за министерка за олимписките игри.
Додека досегашниот министер за надворешни работи Торо Коно е именуван за министер за одбрана, додека за министер за надворешни работи е поставен досегашниот министер за економија Тошимитсу Мотеги.
Абе е премиер со најдолг стаж во историјата на Јапонија, тој беше на
функцијата од 2006 до 2007 година и потоа од 2012 година повторно е шеф на Владата.