Регистрирани два земјотреси во Струмичко


Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.8. и интензитет од III – IV степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван попладнево во Струмичко.

– Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 18 часот и 33 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Струмица, на 115 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.8, информираат од Сеизмолошката опсерваторија.

Уште еден земјотрес во Струмичко

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 20 часот и 41 минути регистрираше уште еден земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Струмица, на 118 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда M L 2.0.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Струмица и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Струмица и околината со интензитет од III – IV степени според Европската макросеизмичка скала.