Речиси 600 починати во еден ден во Мексико од корона вирус

Мексиканското министерство за здравство соопшти дека во земјата потврдени се уште 4.199 случаи на корона вирус и уште 596 смртни случаи.
Со тоа вкупниот број заразени во Мексико достигна до 124.301, а од последиците на ковид-19 починаа вкупно 14.649 луѓе, пренесе Ројтерс.
Владата соопшти дека бројот на заразени е значително поголем од официјалните податоци.