(Видео) Бејрут како Хирошима по монструозната експлозија

Најмалку 100 лица загинале во монструозната , според некои налик на нуклеарна експлозија во Бејрут што, според најновите информации, се случила во магацин за пиротехника во пристаништето во главниот град на Либан.Над 4.000 лица се повредени и пренесени во најблиските болници.На социјалните мрежи Либанците пишуваат дека вакво нешто виделе досега само во Нагасаки и Хирошима, а од настанот беше потресен и гувернерот на Бејрут , Марван Абуд, кој се расплака буквално пред камерите зборувајќи за експлозијата. Тој ја нарече експлозијата „најголема катастрофа што му се случила досега на Либан“.
Експлозијата предизвика уривање на терасите на зградите, кршење на прозорците и друга материјална штета и предизвика огромен облак прашина и чад.
Според либанската државна новинска агенција ННА, експлозијата се случила во градското пристаниште, каде се сместени магацини со експлозив. Последните информации се дека веќе една година во магацините стоело големо количество запленета азотна киселина која го предизвикала ефектот на печурка.
https://twitter.com/i/status/1290705525114458114
Локалните медиуми пренесуваат дека силниот бран на експлозијата се почувствувал и до 10 километри од епицентарот на експлозијата. Израел демантираше дека има некаква врска со настанот.
Експлозијата беше почувствувана во соседниот остров Кипар, оддалечен околу 240 километри – или околу 150 милји – од Либан, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
„Добивме голем број извештаи од Кипар, кои се чини дека се поврзани со оваа експлозија, известувајќи бучава и тресече на прозорци“, објави на Твитер Европскиот сеизмолошки центар.Според опсерваторијата во Јордан експлозијата имала јачина како земјотрес со магнитуда од 4,5 степени.
Watch: CCTV from inside a shop in #Beirut shows the impact of the nearby explosions at the city's port.#Lebanon #PortofBeiruthttps://t.co/IB8kyus4cq pic.twitter.com/3vyPf0w4Gn
— Al Arabiya English (@AlArabiya_Eng) August 4, 2020
– Ова е национална катастрофа. Во животот не сум видел поголема катастрофа. Не знам како ќе се справиме со ова. Мора да останеме силни и храбри – изјави гувернерот на Бејрут, пред да се расплаче.
Експлозијата се случила во близина на куќата на поранешниот премиер на Либан Саад ал-Харири која претрпела голема материјална штета. Според репортерот на CNN кога ќе се видат последиците од експлозијата смешно е да се верува дека таа можела да биде предизвикана од пиротехника.
Тоталното уништување на пристаништето во Бејрут ќе има страшни последици за земјата наредните години бидејќи 80 отсто од снабдувањето со жито на земјата доаѓа преку ова пристаниште.Целата економија е зависна од ова пристаниште.
Watch: Video shot from a nearby restaurant in Beirut shows the moment the second explosion erupted at the #PortofBeirut.#Lebanon #Beiruthttps://t.co/IB8kyus4cq pic.twitter.com/uHpN2UBIBG
— Al Arabiya English (@AlArabiya_Eng) August 4, 2020
Либанскиот претседател Мишел Аун ги упати сите вооружени сили да се справат со последиците од експлозијата во Бејрут и да спроведат патроли во погодените области и во предградијата за да обезбедат безбедност, соопшти државната Национална новинска агенција.
https://twitter.com/SCCacti/status/1290707323019825152
That’s the most shocking video that I ve ever seen in my entire life ! #Beirut #Βηρυτος pic.twitter.com/6Fb83NfTXS
— Μ͓̽ονα͓̽’s ͓̽Λ͓̽ί͓̽ζ͓̽α͓̽s εδώ (@mona_ter) August 4, 2020