Расте бројот на новозаразени во Хрватска, денеска 816, а починаа шестмина
Денеска во Хрватска се забележани 816 новозаразени со корона ворус, од 9.658 тестирани, а пред една недела имаше 596 нови од 9.532 тестирани.
Бројот на активни случаи изнесува 4.156. од нив 457 пациенти се лекуваат во болница, а 57 се на респиратор.
Истовремено, починаа шест пациенти.
Вчера имаше 798 нови случаи на зараза со Ковид-19 и починаа 11 пациенти.