„Рамстор Мол“ го слави својот 16ти роденден!
Месец јуни го одбележува доаѓањето на летото, големите попусти и радости, а воедно и месецот во кој „Рамстор Мол“ го слави својот роденден. Оваа година „Рамстор Мол“ слави 16 години постоење на македонскиот пазар.
Во пресрет на роденденската прослава, во текот на јуни, за посетителите „Рамстор Мол“ обезбеди големи попусти, акции, промоции, како и многу подароци и богата содржина. Во овој месец прославуваме многу настани заедно со роденденот на Рамстор, во таа чест, во текот на секоја недела од месецот, „Рамстор“ ви нуди богата и разнолика програма за секоја недела од месецот.
Родендеската програма ја започнува со „Денови на книгата“, со богата содржина и големи попусти на сите изданија од голем број на македонски издавачи и книжарници. Во овој месец следуваат и моменти за паметење во кој одбележуваме и недела во која ќе ги прикажеме овогодинешните матурски и апсолвентски таблоа.
Во текот на прославите, „Рамстор Мол“ одбележува и недела посветена на историскиот настап на македонската фудбалската репрезентација на Европското првенство, проследен со многу подароци. Славиме 16 години, славиме заедно со Македонија! Нашето срце чука за Македонија!
Во пресрет на доагањето на летото, прославуваме и недела на таткото, во која ќе имате можност да го изберете совршениот подарок за својот татко.
Последната недела од месецот, воедно и последната недела од роденденската прослава ја заокружуваме со недела на подарувањата, во која ве очекуваат голем број на изненадувања и подароци.
Постоиме 16 години само за вас. Ве очекуваме во месецот на радоста. „Рамстор Мол“, Центар во Центар.
(Спонзориран текст)