Ракописи на Дејвид Боуви би можеле да се продадат за околу 115.000 евра


Дејвид Боуви умре на 10 јануари 2016 на 69 години по долга борба со ракот

Ракописите на Дејвид Боуви со стиховите на две негови песни би можеле да достигнат цена од повеќе од 115.000 евра на аукција.

Листовите содржат корекции, нацрти и белешки од покојниот пејач за време на создавањето на песните „Rock n Roll Suicide“ и „Suffragette City“.

Двете песни се дел од албумот „The Rise and Fall of Ziggy Stardust and the Spiders from Mars“ од 1972 година.

Аукциската куќа претходно продаде страница од рачно напишаните стихови на Боуви на неговиот хит „Starman“ за повеќе од 190.000 евра.

Продажбата вклучува и песнарка која претходно била во сопственост на Ноел Галагер од Оазис, која содржи стихови на „She’s Electric“, „Going Nowhere“, „Step Out Tonight“, „Rockin’ Chair“ и „Champagne Supernova“.

Се продава и страница со рачно напишани стихови од фронтменот на The Doors, Џим Морисон, заедно со гитари, засилувачи и хартии од различни музичари.

Листот со песната на Боуви, проценет на 57.000 до 115.000 евра, ќе биде ставен на аукција од Omega Auctions во вторник.

Боуви почина од рак на црниот дроб на 69-годишна возраст во јануари 2016 година.