Радмила Шекеринска избрана за потпретседателка на Партијата на европските социјалисти

Поранешната вицепремиерка и лидерка на СДСМ, Радмила Шекеринска, доби високо признание на конгресот на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) во Берлин со изборот за потпретседател на европската политичка групација. Ова е прв пат за потпретседател на партијата да биде избрана личност која не доаѓа од земја на Европската унија. Исто така, ова е прв пат некој македонски политичар да биде избран во највисоките структури на која било европска политичка групација.
Конгресот на ПЕС се одржува во Берлин. Почна вчера, а ќе заврши денеска. Домаќин е Социјалдемократската партија на Германија.
Поранешниот социјалдемократски премиер на Шведска, Стефан Левен, беше избран за претседател на ПЕС. Левен беше премиер на Шведска од 2014-2021 година и лидер на Социјалдемократската партија од 2012-2021 година. Досега претседател на ПЕС беше бугарскиот политичар Сергеј Станишев.

На конгресот учествуваат сите социјалдемократски премиери во ЕУ, како Педро Санчез, Антонио Коста, Сана Марин, Олаф Шолц… и многу други познатилевичарски личности меѓу делегатите.