Радев закажа состанок за Македонија во понеделник


Претседателот на Бугарија Румен Радев за во понеделник свика состанок на Советодавниот совет за национална безбедност, соопшти прес-службата на претседателот. Темата е „Интеграција на Западен Балкан во ЕУ, улогата на Бугарија во проширувањето на ЕУ и во процесот на стабилизација и асоцијација: Република Северна Македонија и Албанија“.

Премиерот Кирил Петков пред Народното собрание на Бугарија денеска изјави дека ставот на Бугарија за преговарачкиот процес за Република Северна Македонија не е променет, туку ќе биде надграден со работа на пет работни групи за изнаоѓање решенија за прашања како што се инфраструктура, економија, историја и култура.