Раб: Ќе ја напуштиме ЕУ и од тоа ќе направиме успех


Велика Британија ќе се справи со ризиците од повлекување од Европската унија „какви и да се“ и решена е да го продолжи процесот на Брегзит, рече министерот за надворешни работи на таа држава, Доминик Раб.

-Ние ќе ја напуштиме ЕУ на крајот на октомври и решени сме од тоа да направиме успех, рече Раб, кој е во посета на САД.

Изјавата ја даде во Вашингтон на заедничката прес-конференција со американскиот државен секретар Мајк Помпео.