Путин сам во црква на литургијата за Божик (Видео)


Владимир Путин во црквата „Благовештение“ во Кремљ

 

Во петокот вечерта, на Бадник, православните верници присуствуваа на масовни прослави во црквите низ Русија.

Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил ја водеше богослужбата во московската катедрала „Христос спасителот“.

Но, рускиот претседател дојде сам на божикната литургија во црквата „Благовештение“во Кремљ. Тој не им се придружи на другите верници на јавната прослава.

Според руската новинска агенција РИА, ова е првпат Путин да го слави православниот Божик во Москва, а не во регионот околу главниот град.

Путин, облечен во сина јакна и бел џемпер со висока јака, беше единствениот верник во црквата. Камерата го следеше додека се прекрсти неколку пати, а потоа телевизискиот пренос беше прекинат.