Путин постави нов услов за ставање крај на војната: На Украина ѝ треба нов претседател


 Рускиот претседател Владимир Путин предложи Украина да се стави под форма на привремена администрација за да се овозможи нови избори и потпишување на клучни договори за да се постигне решение за ставање крај на војната, пренесоа руските медиуми.

Коментарите на Путин, за време на посетата на северното пристаниште Мурманск, доаѓаат во време на напорите на САД да се најде решение за конфликтот преку обновување на врските со Русија и ангажирање и со Москва и со Киев, во одделни преговори.

Украина и европските лидери го обвинија рускиот претседател дека се обидува да ги продолжи разговорите за прекин на огнот без никаква сериозна намера да ги прекине борбите.

Руската инвазија на Украина остави стотици илјади мртви и ранети, раселени милиони луѓе, градовите ги претвори во урнатини и ја предизвика најострата конфронтација меѓу Москва и Западот.

Се чини дека предлогот на Путин за привремена администрација се однесува на неговата долгогодишна жалба дека украинските власти не се легитимен партнер во преговорите затоа што претседателот Володимир Зеленски остана на власт по крајот на неговиот мандат во мај 2024 година. „Во принцип, се разбира, во Украина може да се воведе привремена администрација под покровителство на ОН, САД, нашите партнери“, рече Путин.

„Неопходно е да се одржат демократски избори и да се донесе на власт способна влада која ја ужива довербата на народот, а потоа да започне разговор со нив за мировен договор“, заклучи рускиот претседател.

Тој рече дека напорите на Трамп да продолжи со директните разговори со Русија, за разлика од неговиот претходник Џо Бајден кој избегнуваше контакт, покажаа дека новиот претседател сака мир.