Путин подготвен за преговори?
Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да преговара за крај на конфликтот во Украина, ексклузивно дознава агенцијата Ројстерс, повикувајќи се на пет извори блиски до Кремљ.
Како што објави агенцијата, Путин изразил подготвеност да разговара за крајот на војната со новиот американски претседател Доналд Трамп, но, како што се наведува, експлицитно ќе бара Русија да ги задржи освоените територии на Украина, како и гаранции дека земјата никогаш нема да влезе во НАТО.
Страшно предупредување од Лавров
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, по украинските удари со американски ракети АТАКМС врз складиштето за руска артилериска муниција во областа Брјанск, изјави дека Русија ќе возврати со целосна нуклеарна војна.
Рускиот министер за надворешни работи одговори велејќи дека Москва „соодветно ќе одговори“, бидејќи тој го опиша нападот на АТАКМС како сигнал дека Киев „сака да ја ескалира ситуацијата“.
Ова застрашувачко штракање на нуклеарното оружје, според „Дејли мејл“, го потврди и близок соработник на рускиот претседател, Дмитриј Медведев, кој во вторникот на социјалните мрежи објави дека напад на Русија со американски ракети значи „Трета светска војна“.
Да потсетиме, во драматична ескалација на 1000-тиот ден од војната во Украина, Киев лансираше шест ракети ATACMS од непозната локација на руска територија.
Нападите предизвикаа експлозии во Карачев, каде има складиште за муниција обезбедено од Северна Кореја, лоцирано на околу 75 милји од украинската граница.
Во исто време, Путин веднаш потпиша измени на законите за нуклеарно оружје во земјата за да се олесни нивното распоредување, како одмазда.
Амандманите ѝ дозволуваат на Русија да изврши нуклеарен напад како одговор на напад со конвенционално оружје – како што е оној со проектили со долг дострел.