Пуштен во употреба мостот кај Башино Село

Денеска беше пуштен во употреба реконструираниот мост кај Башино Село во близина на Велес.
Според надлежните, направен е целосно долниот дел на мостот, а од денеска по него може да сообраќаат сите возила, со максимален товар до 40 тони.
Мостот се реконструираше шест месеци, а во неговата реконструкција помогнаа експерти од Градежниот факултет.
„Зајакнати се гредите и столбовите. Овој мост е веќе стабилен мост. Горниот дел не е саниран, затоа што се чекаше овој дел да се санира. Оти не можеше да ги издржи вибрациите“, рече Коце Трајановски, директор на Јавното претпријатие за државни прашања, кој најави објавување тендер за изградба на нов мост до крајот на годината.
Најави дека за овој мост ќе се прави програма, за поставување изолација, гребешње, за да не се појавуваат дупки и да не се намалува неговата носивост, која поради атмосферските влијанија може да се намали до 50 отсто.
Мостот е граден во 1971 година, а последните 15 години беше многу ризичен.