Психолошка анализа: Што значи ако вашиот дом е во хаос?
Некои луѓе се многу строги за уредноста и чистотата на домот, а некои се поопуштени, па чистат кога навистина треба. Психолозите поврзуваат некои карактерни црти и ментални состојби со (не)уреден простор за живеење.
Психолозите веруваат дека ако во вашиот дом се скриени ѓубре и канта за ѓубре, а куќата изгледа уредно на прв поглед, тогаш сопственикот на таква куќа се обидува да се претстави во најдобро светло, а понекогаш дури и се преправа. За таквите личности е важно по секоја цена да зачуваат позитивен имиџ.
Ако во куќата има многу скршени работи, според психолозите, тоа укажува дека таквите луѓе не се во состојба да ги решат своите проблеми. Тие обично чекаат или сакаат некој друг да дојде да ги спаси.
Неуредната маса укажува на тоа дека човекот има превисоко мислење за себе, но и дека е креативен, особено ако на ваква несредена маса во секој момент може да го најде токму она што му треба, велат од сајтот Јутарњи лист.
Ако корпата за перење е секогаш полна, тоа значи дека личноста е склона кон одолговлекување, а ако во ходникот нема мебел или ниту било какви работи, сопственикот на станот е инфантилен и не сака да биде сам. Му треба некој кој ќе го забавува и ќе донесе радост во неговиот живот.
Валканата кујна, истакнуваат психолозите, може да биде знак за депресивно расположение. Дури и луѓето кои не сакаат чистење се обидуваат да ја одржуваат кујната чиста, пред се од хигиенски причини.
Неуредната бања укажува на стрес. Како и кујната, така и бањата е еден од најважните делови во домот, а доколку се занемари може да значи дека човекот е постојано напнат и брза.
Прекумерното складирање на работи во куќата може да укаже на зафатен ум. Во тој случај потребно е човекот да внесе мир во својот живот, да си ги организира мислите и да ги намали претераните анализи.
Обидете се да го одржувате вашиот дом чист и уреден бидејќи само во таков простор за живеење ќе се чувствувате смирени.Психо