Прв Австриец излечен со крвна плазма

Австриец на возраст од 36 години од Штаерска е првиот ковид пациент кој е излечен со крвна плазма во Австрија.
Според весникот „Клајне цајтунг“, тој еден месец бил на интензивна нега борејќи се за живот.
По примената на терапијата со плазма, префрлен е од одделението за интензивна нега и веќе три пати резултатите од тестот за корона покажуваат дека е негативен.
Пациентот бил тешко заболен од корона вирусот, бдејќи има вроден проблем со иимунитетот, односно не може да произведува специфични антитела.
Четири недели имал висока температура, а покрај тоа имал и воспаление на белите дробови и проблеми со дишењето.
На универзитетската клиника во Грац, дадена му е крвна плазма од излечени од корона вирус, што дало одлични резултати.
Крвната плазма се користи на клиниките во покраините Тирол и Салцбург,
а пациентот од Грац е прв во Австрија кој е излечен со овој вид терапија.