Противниците на Ердоган водат во Истанбул и Анкара
Делумното пребројување на гласовите на локалните избори во Турција вечерва покажа дека опозицијата во Истанбул и Анкара имаат поволни перспективи, објавија официјалните медиуми, и покрај тоа што претседателот Реџеп Таип Ердоган е вклучен во кампањата на неговата партија АКП.
Ердоган, е на власт повеќе од две децении, беше ангажиран во кампањата, особено во Истанбул, економскиот и културниот центар на земјата, чиј градоначалник беше во 1990-тите. Но, според првите резултати тоа не и помогна на неговата партија.
Во останатиот дел од земјата, кандидатите на АКП водат во трката како што се очекуваше во неколку големи градови во Анадолија и Црното Море, кои се упоришта на претседателот Ердоган. Прокурдската партија ДЕМ најверојатно ќе победи во поголемите градови во југоисточниот дел со мнозинско курдско население, вклучувајќи го и Дијарбекир.