Протести во центарот на Белград по влегувањето на полицијата во Ректоратот на Универзитетот
Белград – Српската полиција употреби палки синоќа на протестот во центарот на Белград, организиран по повод вчерашното влегување на полицијата во Ректоратот на Универзитетот.

По повлекувањето на полицијата кон Плоштадот на Републиката, припадниците на жандармеријата и полициската бригада во опрема за борба против немири се повлекоа по Француската улица, додека граѓаните се вратија пред зградата на Ректоратот каде што протестот беше закажан за 19 часот.
Деканот на Хемискиот факултет, Горан Роглиќ, преку мегафон изјави дека деканите на другите факултети ќе се погрижат полицијата безбедно да ја напушти зградата на Ректоратот, а откако ќе заминат, ректорот Владан Ѓокиќ ќе им се обрати на граѓаните, на што тие реагираа со неодобрување.

Директорот на полицијата Драган Васиљевиќ на прес-конференцијата изјави дека полицијата дејствувала по наредба на Јавното Обвинителство и дека ја претресла зградата на Ректоратот по нивно барање и по наредба на Високиот суд во Белград.
– Особено нагласувам дека се пронајдени голем број топовски истрели, петарди, спрејови и голем број рачни радиоаматери – рече директорот на полицијата.
Инаку, протест има и пред зградата на Ректоратот на Универзитетот во Нови Сад во знак на поддршка на Универзитетот во Белград.
Припадници на Управата за криминалистичка полиција (УКП) вчера влегоа во просториите на Ректоратот на Универзитетот во Белград по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, а како дел од истрагата за смртта на 25-годишна студентка на Филозофскиот факултет во Белград.

Полицијата го ограничи влезот во Ректоратот, а на ректорот Владан Ѓокиќ му беше дадена наредба од Високиот суд во неговата канцеларија за претрес на просториите на таа високообразовна институција како дел од истрагата.
По тој чин, студентите упатија попладнево повик преку социјални мрежи за протест на Студентскиот плоштад во Белград.