Проширувањето на ЕУ еден од приоритетите на Лајен ако биде реизбрана денес


Проширувањето на Европска Унија ќе биде меѓу клучните приоритети на идниот мандат на Урсула фон дер Лајен, доколку биде реизбрана како претседателка на Европската комисија. Ова денеска во говорот за визијата на нејзниот иден петгодишен мандат пред Европскиот парламет го најави Лајен, посочувајќи дека, сепак, процесот на пристапување кон ЕУ се темели на заслуги. Сепак, посочи и дека ќе се погрижи сите земји да бидат подготвени, пред да и се приклучат.

„Комплетирањето на нашата Унија е исто така во наш суштински интерес и тоа ќе биде клучен приоритет на мојата Комисија“,рече раа.

Според неа, Западен Балкан, Украина, Молдавија и Грузија го направија својот слободен избор, ја избраа слободата наместо угнетувањето.

„Ја избраа демократијата наместо зависноста, а некои од нив плаќаат многу висока цена за овој избор. И ние мора да го направиме напиот избор и да покажеме стратешка определба дека нивната иднина че биде слободна, просперитетна, во рамките на нашата Европска Унија“, Фон дер Лајен.

Соседството на ЕУ, како што рече таа, е домот на нашата иднина, поканата на земјите во Унијата ја оцени како морална, историска и политичка одговорност.

„Тоа е огромна геостратешка одговорност за Европа, бидејќи во денешниот свет поголема Унија ќе биде посилна Унија. Тоа ќе го зајакне нашиот глас во светот. Ќе обезбеди ширење на демократијата, просперитетот и стабилноста низ Европа“, рече таа.

Фон дер Лајен рече дека Европа има одговорност да игра активна улога во светот, почнувајќи од нејзиното соседство, особено на Блискиот Исток. Во овој контекст, таа нагласи дека крвопролевањето во Газа мора да престане.

Таа зборуваше и за поддршка на Украина, заштита и зајакнување на надворешните граници на ЕУ, управување со миграцијата, справување со проблемите на земјоделците, развој на план за станбената криза во ЕУ, заштита на правата на жените, борба против дезинформации, странското мешање и сајбер-закани.

За реизбор на Фон дер Лајен е потребно апсолутно мнозинство, , односно 361 европски претставник.