Пронајден авионот што исчезна во БиХ

Малиот спортски авион што вчера исчезна на подрачјето на Козара, најден е денеска откако ЕЛТ системот пратилсигнал со приближна локација.
Како што пишува РТРС, авионот е пронајден на подрачјето на Козара, во близина на селото Суботиќи, но со оглед на тоа дека во регионот нема сигнал, нема повеќе информации за посадата на авионот.
Во спортскиот авион од Белград биле пилот и оператор. Се работи за државјанка на Романија и државјанин на Србија. Авионот се враќал од Велика Кладуша за Бања Лука, а превезувале вакцини и лекови за животни.