Проклетството на Титаник продолжува: Подморницата е новата „жртва“? ФОТО


Венди Раш е сопруга на Стоктон Раш, основачот и директор на OceanGate, кој се наоѓа во исчезнатата подморница. Таа е правнука на патници кои загинаа на „Титаник“, пишува Би-би-си.

Станува збор за Исидор и Ајда Штраус кои патувале во прва класа на „Титаник“ и кои биле спомнати дури и во филмот „Титаник“.

Имено, Штраус биле меѓу најбогатите патници на „Титаник“. Тие беа косопственици на познатата стоковна куќа „Мејси“.

Исидор одбил да влезе во чамецот за спасување, а неговата сопруга не сакала да оди без него.

Како што напиша Њујорк Тајмс, тие веројатно се најпознати по нивната трагична љубовна приказна.

Преживеаните од „Титаник“ рекоа дека Исидор одбил да влезе во чамецот за спасување додека не влезат сите жени и деца. Ајда, која му била сопруга 40 години, одбила да оди без него.

Потоа, двајцата биле видени како стојат рака под рака на палубата на „Титаник“ додека бродот тонел. Во филмот „Титаник“ тие се прикажани како пар кој се прегрнува во кревет и ја чека смртта додека водата се крева околу нив.

Според архивите на Њујорк Тајмс, телото на Исидор било извлечено од морето околу две недели по потонувањето. Посмртните останки на Ајда никогаш не беа пронајдени.

Венди Раш, мајката на Холингс Веил, се омажи за Стоктон Раш во 1986 година.

Таа е директор за комуникации во OceanGate според нејзината страница на LinkedIn. Венди Раш беше на „Титаник“ три пати.