Проблемите со билетите за инвалиди да се решат во најблиското продажно место
Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП) ги информира сите корисници на годишните билети за инвалиди доколку наидат на проблем при валидација на картичките да се обратат до најблиското продажно места на ЈСП за активација и регистрација на билетот за 2026 година.
Лица со посебни потреби имаат право на повластено користење на јавниот градски превоз на подрачјето на градот Скопје и тоа лица со оштетен вид; лица со оштетен слух; лица со телесно оштетување; лица со умерена и тешка интелектуална попреченост; лица со комбинирани пречки во развојот и лица со аутистичен спектар на однесување; лица со лесна интелектуална попреченост до 26 години; бубрежно болни лица под третман на хемодијализа и
стари и изнемоштени лица згрижени во Домот за стари лица „Мајка Тереза”.