Пристигнува новиот електричен „волксваген“


Германскиот производител на автомобили „Волксваген“ на 19 ноември закажа промоција на новиот електричен концепт „ај-ди“
За сега се чуваат во тајност деталите за новиот концепт, а најавата на премиерата е илустрирана со скица од концептот „ај-ди вижн“ кој е претставен на женесвкиот авто-салон во 2018 година.
Новиот електричен концепт публиката ќе има можност да го види веќе на 20 ноември во рамки на изложбата „Билдинг ен електрикал фјучр“ која ќе се одржи во Музејот на автомобили Петерсен во Лос Анџелес.
„Волксваген“ на оваа изложба на посетителите ќе им ги претстави плановите на компанијата за иднината, во која ќе доминираат електричните автомобили.
Поставката ќе заземе пет изложбени простории во музејот, а во центарот на вниманието ќе биде „ем-е-бе“ механичката платформа проектирана само за електрични модели.
На изложбата, исто така, ќе бидат прикажани и четири „ај-ди“ електрични концепти кои германскиот авто-гигант до сега ги претстави.