Пристигна првиот трејлер за продолжението на „Сексот и градот“


САД– Во исчекување на премиерата на продолжението на култната серија „Сексот и градот: И просто, така оди тоа“ на 9 декември (нови десет епизоди) на HBO, излезе првиот трејлер кој ветува добра забава.

Изминатиов период, снимањето на сцените со Сара Џесика Паркер (со пердув на шапката) и Крис Нот (проседен и здебелен) во Њујорк предизвика интерес во јавноста.

 

Снимањето на новите 10 епизоди започна во јуни, без ликот на Саманта на Ким Катрал и без славната костимографка Патриша Филд по чии комбинации беа препознатливи и серијата и филмовите. 

„Сексот и градот“ се емитуваше од 1998 до 2004 година, а екипата за последен пат работеше заедно во 2010, кога излезе вториот дел од филмската верзија на серијата.

Паркер и сценаристот Мајкл Патрик Кинг, со кој го пишуваат сценариото за продолжението, не се обидуваат да го повторат „Сексот и градот“ од претходно.

– Ликовите веќе не ги живеат своите триесетти. Toа ќе биде приказна за жени во 50-тите години од животот, што ги прават токму работите што ги прават и другите луѓе во своите педесетти. Исто како и во вистинскиот живот, луѓето влегуваат во вашиот живот, но тие и заминуваат. Пријателствата згаснуваат, а се раѓаат нови. Значи, мислам дека сè може да се поврзе со вистинскиот живот, се објаснувањата околу тоа зошто серијата е без Саманта.

Сара и Патрик Кинг ќе се обидат да раскажат приказна за тоа како навистина жените се справуваат со средовечноста во Њујорк. Серијата ќе вклучува и мноштво кадри што ќе покажат како изгледа најнаселениот американски град денес.

Кој од старите ликови се враќаат во продолжението?

Стримерот не го потврди тоа, но Бриџит Мојнахан, која ја играше Наташа, жената со која Биг се омажи за време на серијата (а подоцна се разведе откако изневери со Кери), беше забележана на сетот.

Додека Ким Катрал не се враќа, членовите на актерската екипа во серијата , Вил Гарсон се враќа како Стенфорд Блач, Марио Кантоне се враќа како Ентони Марентино, Еван Хендлер повторно ќе го глуми Хари Голденблат, а Дејвид Ајгенберг се врати во местото на Стив Брејди. И ликот на ексдечкото на Кери – Ејдан Шо, кој го глуми Џо Корбет се враќа во продолжението.