Приносите од американските обврзници навестуваат дека влегуваме во опасни времиња


Во четвртокот, приносот на десетгодишната обврзница во САД, што влијае на сите активности за позајмување (вклучително и хипотеки), се искачи на 1,6 отсто, негативно влијаејќи на ризичните инвестиции.
Таквата вредност мнозинството ја очекуваше дури на крајот на годинава, а не на почетокот на 2021.

До пред еден месец, профитабилноста беше нешто повеќе од еден процент. Особено акциите на технолошките компании се под притисок – индексот Насдак минатата недела изгуби речиси пет проценти. И покрај тоа, трендот во февруари е позитивен – Насдак порасна за 0,9 проценти, С&П 500 и Дау Џонс за околу три проценти, а индексот Расел 2000 за шест проценти.

Тешко е да се каже дали последните неколку дена се само привремена корекција, што е нормално по толку висок раст, или инвеститорите се навистина повнимателни.

Коментарите од Федералните резерви на САД сигурно ќе треба внимателно да се следат. Гувернерот на ФЕД, Џером Пауел, ќе зборува на самитот на Волстрит журнал во четврток. Прашање е дали ќе го коментира зголемувањето на приносот на обврзниците. Најверојатно ќе повтори дека монетарната политика на ФЕД ќе остане многу лабава уште некое време.