Принцот Вилијам се вакцинираше против Ковид-19
Англија– Војводата од Кембриџ ја прими вакцината против Ковид во локалната болница во Кесингтон.
Споделувајќи слика на официјалниот профил на семејството на Твитер, тој рече: „Во вторникот ја примив првата доза на вакцина Ковид-19. „На сите оние кои работат на ширење на вакцините – благодарам за сè што сте направиле и продолжувате да правите“.
Не се откриваат детали која вакцина ја примил и дали Кејт Мидлтон исто така примила вакцина.
Принц Вилијам сега е последниот постар член на кралското семејство што ја прими вакцината откако неговата баба, кралицата Елизабета (94) ја прими во јануари, а неговиот татко принцот од Велс во февруари.
Војводата и војвотката од Кембриџ од петок се на турнеја низ Шкотска , соопшти Палатата Кенсингтон. (Телеграф)