Принцот Хари ќе добие повеќе од 4,7 милиони евра од неговата прабаба за 40. роденден


Лондон – Британскиот принц Хари ќе добие повеќе од 4,7 милиони евра (4 милиони фунти) како подарок од неговата прабаба Елизабета за неговиот 40-ти роденден на 15 септември.

Принцот Хари ќе земе дел од готовината без данок од фондот од 8 милиони фунти како дел од подарок од тестаментот на неговата прабаба, објави Стандард.

Принцот Хари го зеде првиот дел од својот удел од вкупниот фонд од 19 милиони фунти кога наполни 21 година во 2005 година. Принцот Вилијам  наполни 40 години во 2022 година, а Хари сега ќе го земе остатокот од 8 милиони фунти. Прабабата на Хари, Елизабета, почина во 2002 година на 102 години.