Принцот Филип – неговиот живот од Крф до Бакингемската палата (галерија)


Со смртта на принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора полека почнува да завршува цело едно поглавје на британската историја уште од Втората светска војна. Нивниот брак ги покажува сите промени низ кои поминуваше Британија од 1947 година наваму. 

Еве ја животната приказна на принцот Филип од неговото раѓање до оваа година.

Принцот Филип од Грција и Данска е роден во вилата Мон Репос на Крф, на 10 јуни 1921 година
Со неговите соученици во американското училиште MacJannet во Сент Клод, Париз, околу 1929 година. Филип е втор од левата страна
Филип во костум за претставата „Макбет“ во 1935 година во училиштето Гордонстоун во Шкотска
Војводата од Единбург игра крикет во 1947 година
Потполковник Филип Маунтбатен во училиштето на Кралските воени офицери во Кингсмур во Глог, Вилтшир
Принцезата Елизабета и војводата од Единбург во Бакингемската палата по нивната венчавка на 20 ноември 1947 година
Филип и кралицата уживаат на прошетка за време на медениот месец на Бродлендс, Ромзи, во Хемпшир
Како домаќин, Филип разговара со Френк Синатра и Ава Гарднер на забава за членовите и пријателите на Вариете клубот од Велика Британија, во клубот „Empress“, Лондон, декември 1951 година
Војводата од Единбург со неговата сопруга играат танц одржан во нивна чест во Отава, октомври 1951 година, за време на нивната турнеја во Канада
Кралицата Елизабета Втора и војводата од Единбург отпоздравуваат кон народот од балконот во Бакингемската палата по крунисувањето во 1953 година
Принцот Филип со принцот Џагат-Синг (со ногата на тигарската глава), махараџа од Џајпур, кралицата и махараните од Џајпур. Животното беше застрелано од Филип за време на лов на тигри, додека кралскиот пар беше на турнеја низ Индија во 1961 година
Кралицата Елизабета и принцот Филип во Балморал, Шкотска, 1972 година за време на нивната сребрена годишнина од венчавката
Чарлс и Дијана мавтаат од балконот во Бакингемската палата по нивната венчавка во 1981 година, во придружба на принцот Филип
Војводата од Единбург на настанот за возење кочија на коњскиот саем во Виндзор, 1987 година
Војводата од Единбург, принцот Вилијам, Ерл Спенсер, принцот Хари и принцот Чарлс, надвор од опатијата на Вестминстер за време на погребната служба за Дијана, принцезата од Велс, во септември 1997 година
Во улога на главен полковник на полкот, војводата од Единбург ги посети кралските хусари во Басра, Ирак, октомври 2006 година
Кралицата Елизабета Втора и принцот Филип, војводата од Единбург присуствуваа на мечот во поло во 2018