Принцезата Беатрис е бремена со првото дете


Англија- Принцезата Беатрис е бремена за со првото дете, известуваат со ентузијазам сите британски медиуми. Внуката на кралицата Елизабета и нејзиниот сопруг, италијанскиот финансиер Едуардо Мапели се пресреќни што годинава ќе се остварат во најубавата улога во нивните животи.

Според официјалната веб-страница на кралското семејство, бебето ќе пристигне на есен. Принцезата Беатрис се омажи во тајност минатата година во јули, без никаква помпа, присуство на медиуми и гости.

Беатрис, ќерката на принцот Ендру и неговата поранешна сопруга Сара Фергусон, првично планираше да се омажи на 29 мај но церемонијата беше одложена поради пандемијата.

Потоа го смени датумот на свадбата поради поврзаноста на нејзиниот татко со скандалот на милијардерот Џеф Епстајн кој подоцна се самоуби во затворот.

Семејствата на младенците се познаваат многу години. За двојката се вели дека започнале врска откако повторно се сретнале на свадбата на сестрата на Беатрис, принцезата Јуџин.

Ендру и Сара, кои се во добри односи и покрај нивниот развод во 1996 година, во времето на свршувачката на Беатрис рекоа дека биле „воодушевени“ од вестите.

Нивната помлада ќерка Јуџин се омажи за Џек Бруксбанк во 2018 година.

Ова е втор брак за младоженецот кој од претходниот има син.