Презентација на резултати од мониторингот на владините ветувања преку КОМПАС


Институтот за економски истражувања и политики -Finance Think, заедно со Младинскиот образовен форум, Македонскиот центар за граѓанско образование и Македонското лекарско друштво, денеска во 10 часот во хотел „Мериот“ во Скопје ќе одржат прес-конференција на која ќе ги презентираат наодите од првите две години од мониторингот на владините ветувања за периодот 2024–2028, преку платформата КОМПАС.

На презентацијата ќе бидат споделени резултатите од првата година од мандатот, степенот на исполнување на 142 ветувања во пет приоритетни области – социо-економски развој, образование, здравство, родова еднаквост и млади, како и нивната усогласеност со реалните потреби на граѓаните. Воедно ќе биде промовирана платформата КОМПАС, која овозможува следење на напредокот преку квантифицирани и категоризирани показатели.

На настанот ќе говорат Благица Петрески од Finance Think, Кирил Солески од Македонското лекарско друштво, Ристо Савески од Младинскиот образовен форум и Ана Мицковска Ралевска од Македонскиот центар за граѓанско образование.