Превентивните мерки против корона вирусот во Италија продолжени до 7 октомври


Италијанскиот премиер Џузепе Конте потпиша нов указ со кој превентивните мерки против корона вирусот во Италија се продолжуваат до 7 октомври, соопшти италијанската Влада.

Во новиот декрет се предводува ноќните клубови и стадионите во Италија да останат затворени.

Меѓу неколкуте измени во споредба со претходната уредба е можноста некое лице да влезе на територијата на Италија во случај на „стабилна емоционална врска“ со лице кое престојува во земјата, а пристигнува од земји за кои италијанските граници се затворени поради пандемијата.

Употребата на заштитната маска е задолжително во затворени простори што се достапни за јавноста, но, исто така, и на отворен простор доколку не е можно безбедно растојание.

Поради пандемијата капацитетот на возилата за јавен превоз е ограничен на 80 проценти, пренесоа италијанските медиуми.

За патниците кои доаѓаат од Хрватска, Малта, Грција и Шпанија, се уште се во сила мерките што предвидуваат задолжителен тест за Ковид-19, а за оние кои доаѓаат од Романија и Бугарија, карантинот е задолжителен.