Претседателството на Босна и Херцеговина добило дојава за поставена бомба


Во Претседателството на Босна и Херцеговина денеска пристигнала дојава за поставена бомба, јавија локалните медиуми.

„Експлозивни направи се поставени во во администрацијата на претседателот на Босна и Херцеговина. Тоа е поради вашите лоши односи со Руската Федерација“, се наведува во дојавата.

Во тек е полициска акција, јавија сараевските медиуми.