Претседателот на РКЕ не очекува драстично зголемување на цената на парното
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Ацо Ристов денеска на средба со новинарите изјави дека не очекува да има драстично зголемување на цената што ја плаќаат крајните потрошувачи приклучени на системот за топлинска енергија.
„Во делот на гасот засега нема големи флуктуации за разлика од оние што се случуваат кај нафтените деривати и неговата цена е релативно стабилна. Дали ќе има покачување на цената на топлинската енергија за крајните потрошувачи, ќе се знае кон крајот на јули бидејќи поднесувањето на барањата на компаниите што работат во овој сектор е заклучно со 30 јуни по што регулаторот ги обработува податоците. Во зависност од податоците што ги добиваме од берзите, правиме споредба и носиме регулирана цена за која во овој момент не знеме дали ќе биде нешто повисока: веројатно поради инфлаторните случувања, ќе има некакво зголемување, меѓутоа не се оечкува тоа да биде драстично бидејќи, сепак, цената на гасот не порасна на пазарите како што е кај нафтените деривати“, прецизира Ристов.