Претседателот на Претставничкиот дом на Нов Зеланд водеше седница и го хранеше бебето на еден од пратенците


Претседателот на Претставничкиот дом на Нов Зеланд Тревор Малард за време на парламентарната расправа хранеше бебе на еден од пратениците.

Малард на Твитер објави фотографија како го храни бебето на пратеникот Тамати Кофи додека ја водеше седницата.

https://youtu.be/uCDajMpUeGw

Лабуристичкиот пратеник Кофи во јули го објави раѓањето на својот син. Детето е родено со помош на сурогат мајка, а негов биолошки татко е партнерот на Кофи, Тим Смит.

Кофи денеска првпат присуствуваше на седница по враќање од боледување, а со себе го зема и своето бебе.

Малард, кој е татко на три деца, ја презеде улогата на дадилка, но истовремено и претседаваше со седницата.

Претходно, на седница своите бебиња ги носеа и британската пратеничка Џо Свинсо, во 2018 година и австралиската сенаторка Лариса Воерс, во 2017 година.

Во септември минатата година, премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн стана првата политичарка во историјата која ја донесе својата ќерка на седница на Генералното собрание на Обединетите Нации.