Претседателката Сиљановска-Давкова ќе се обрати на националната конференција „Заедно сме посилни“


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе се обрати на националната конференција „Заедно сме посилни“ во организација на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес, што ќе се одржи во хотел „Глориус“ во Велес. 

Целта на конференцијата, соопштија од Кабинетот на Сиљановска-Давкова, е поддршка на жените и девојките со попреченост и жените од руралните средини.