Препознајте ги симптомите на мозочен удар


Препознавањето на симптомите на мозочен удар, адекватното и навременото згрижување на пациентот се од клучно значење за спречување на најлошите последици од оваа болест.

Симптоми што укажуваат на мозочен удар се: пореметување на движењата на едната страна од телото, слабост, несмасност, одземање на функцијата на едната рака или нога, трнење на едната страна од лицето или телото, губење вид, а честопати и губење свест.

Многу е важно да му се даде на пациентот тромболитичка терапија во првите 4-5 часа од мозочниот удар.

Во светот на секои пет секунди се случува еден мозочен удар, а 5,5 милиони луѓе годишно умираат како последица од мозочен удар, болест што најчесто се јавува кај постари лица, но за жал границата се поместува, па сѐ почесто има млади пациенти, дури и на 20-тина години.