Премиерката на Норвешка казнета од полицијата за непочитување на ковид-протоколите


Ерна Солберг го прославила својот роденеден со 13 лица , што е повече од дозволените 10 (Фото: Ројтерс)

Норвешката полиција во петокот соопшти дека ја казнила премиерката Ерна Солберг за кршење на правилата за социјално дистанцирање при организирање семеен собир за да го прослави нејзиниот роденден, објави Ројтерс).

Казната е за 20.000 норвешки круни (2.352 американски долари) рече началникот на полицијата Оле Саверуд на прес-конференција.

Двократната премиерка се извини минатиот месец за организирање настан за прославување на нејзиниот 60. роденден со 13 членови на семејството во планинско одморалиште кон крајот на февруари, и покрај забраната на владата за настани на кои учествуваа повеќе од 10 лица.

Иако полицијата немаше да издаде парична казна во повеќето такви случаи, премиерот беше во првите редови на активноста на владата за воведување ограничувања, соопшти полицијата.

„Иако законот е ист за сите, сите не се еднакви пред законот“, рече Саверуд, оправдувајќи ја казната.