Предавање „Карцином на дојка“

Во Деканатот на Меицинскиот факултет во Скопје денеска ќе се одржи предавање „Карцином на дојка“.
На отворање на настанот поздравен говор ќе има Милица Кузманоска потпретседател и менаџер за комуникации ХЕМА-ОНКО, а воведно обраќање од д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска, медицински директор, специјалист по општа хирургија, супспецијалист по пластична и реконструктивна хирургија, која ќе говори за рана дијагноза и важноста на скринингот за карцином на дојка.
Д-р Соња Николова, директорка на Институтот за радиологија, пак ќе се обрати на тема современи хируршки пристапи во третманот на карциномот на дојка, а д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска, медицински директор, специјалист по општа хирургија, супспецијалист по пластична и реконструктивна хирургија ќе зборува за радиотерапија и онколошки третмани – и што за нив треба да се знае.
На настанот ќе се обратат и д-р Валентина Бојовска Трајановска, специјалист по онкологија
која ќе говори за торакална и васкуларна хирургија во третманот на карциномот на дојка, како и д-р Игор Џиковски, директор на ЈЗУ УК за торакална и васкуларна хирургија на тема лично искуство и поддршка за пациентите.