Пратеник во Хрватска ќе бара дератификација на Инстанбулската конвенција: Доста ми е од теророт на малцинството над молчаливото мнозинство


Загрепскиот Филозофски факултет започнува со нова студиска програма – Родови студии, која доколку надлежните дадат „зелено светло“ би стартувала во 2025/2026 година. Годишно треба да запишува по 20 студенти, чии три задолжителни предмети ќе бидат феминистичка теорија, родова историја и феминистичка методологија.

Универзитетските магистри и магисетрки по родови студии ќе можат да работат во областа на човековите права, потоа во владини канцеларии и државни институции кои се занимаваат со правата на жените и малцинствата, во домашни и меѓународни невладини здруженија и организации кои се занимаваат со родова прашања, како што се архивски институции, центри за документација, библиотеки, здруженија на жени и ЛГБТИК+, во новинарството и медиумите, уметничкиот и културниот сектор, синдикалните и правните организации и организации кои се занимаваат со миграција и бегалци, секако во науката и образованието.

Пратеникот Маријан Павличек од Суверенист е лут.

Ова, вели тој, е победа за феминистичкото и ЛГБТ лоби во Хрватска.

„Вака родовата идеологија влегува на голема врата во хрватскиот образовен систем. Сè започна со Истанбулската конвенција, кога родовата идеологија се прикраде во правниот и образовниот систем. Доста ми е од теророт на малцинството над тивкото мнозинство, во случајов наметнувањето на родовата идеологија на остатокот од општеството“, вели Павличек на прес-конференција во Собранието.

„Имам син кој е машко, не сакам утре да биде женско, а задутре небинарна личност“, додава тој.

„Очекувам Фукс (министерот за образование) да не даде зелено светло за воведување на студии по родова идеологија на Филозофскиот факултет. Поради сето ова, денеска ќе ја поднесам во процедура дератификација на Истанбулската конвенција“, вели тој.