Пратеник или нотар – Антонио Милошоски ја загуби нотарската лиценца


Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, ја загуби нотарската лиценца затоа што тоа е неспоиво со функцијата претставник на народот, пишува „А1он “. Министерството за правда му ја одзело нотарската лиценца согласно законот, затоа што тие две работи се неспоиви, што произлегува од Законот за нотаријат.

Милошоски доби лиценца да врши нотарска служба уште во 2016 година и тогаш бидејќи беше избран за пратеник на изборите во декември 2016 година побарал таа негова служба да се стави во мирување. Тогаш Министерството за правда веднаш му излегло во пресрет на барањето на Милошоски за „мирување“.

По изборите во јули годинава Милошоски, кој пак стана пратеник не поднел барање за продолжување на ова „мирување“. По 2016 година беше донесен новиот Закон за нотаријат и во него се наведува дека нотарската функција е неспоива со вршење на друга платена јавна функција.