Пожар избувна кај Момин Поток
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека била добиена пријава за пожар на отворен простор во реонот на Момин Поток во Скопје.
Според информациите, во пожарот гори ниска вегетација.
За интервенција е известена Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, која треба да постапи на терен.