(Видео) Пожар во психијатрискa болница во Украина: Загинаа шестмина пациенти и лекари


Најмалку шест лица загинаа во пожар во психијатриската болница во Одеса, на југозападот од Украина, соопштија локалните власти.

Службата за вонредни ситуации соопшти дека четворица повредени се хоспитализирани.

Локалната телевизија извести дека меѓу шесте настрадани двајца се лекари.
Во тек е истрага за пожарот кој изби во еднокатна зграда во понеделникот вечерта.