Пожар во Латово, Македонски Брод – се гаси со „ер трактор“ и хеликоптер
Силен пожар изби денес, петок, околу пладне, на територијата на Општина Македонски Брод во атарот на село Латово, месност викана Лозје, над селото каде продолжува да гори дабова и букова шума.
За да се спречи ширење на пожарот во квалитетна шума како и да се превенира загрозување на с. Латово, на гаснењето на пожарот покрај локалните пожарникари како и ПП работници од Национални шуми, ќе се приклучат и еден ер трактор на ДЗС како и еден полициски хеликоптер.