Пожар во хемиска фабрика во Индија, загинаа 18 луѓе
Пожар што вчера изби во хемиска фабрика на периферијата на градот Пуна на западот на Индија загинаа најмалку 18 луше.
Во зградата на фабиката, во моментот на пожарот, останале 37 работници. Пожарникарите морале да ги урнат ѕидовите за да можат да ги спасат работниците, пренесува Би-би-си.
Засега не е утврдена причината за пожарот.
Премиерот вети парична накнада за семејствата
Сопственичк на фабриката е комапнијата SV Aqua Technologies, а во неа се изработуваат производи од хлор диоксид, кој обично се користи за обработка на вода.
Премиерот на Индија, Нарендра Моди изрази сочувство до семејствата на жртвите и најави дека им биде доделена надокнада од околу 200.000 рупии, а ќе бидат обештетени и повредените.
Владата на државата Махараштра, во која се наоѓа фабриката, исто така најави накнада за жртвите во вредност од 6.800 долари.