Пожар во фабрика за мебел во Брчко, осум лица се повредени


Осум лица се повредени во големиот пожар што избувна во фабриката за мебел во Брчко.
Тие се префрлени во Општата болница во Брчко со тешки респираторни компликации, изјави портпаролот на Здравствениот центар на округот Брчко, Салих Ибрахимовиќ.

Според него, сите донесени пациенти се згрижени и приклучени на кислород и се надвор од животна опасност.

Портпаролката на Полициската управа на округот Брчко, Џевида Хукичевиќ, за Klix.ba изјави дека полицијата добила пријава за пожарот во 14:55 часот, по што веднаш излегле на терен.

Таму ги пронашле пожарникарите кои го локализирале, но засега не го изгаснале пожарот во фабриката за мебел во населбата Буквик.

„Неколку лица се повредени како резултат на вдишување јаглерод моноксид. За да се утврдат сите факти, ќе се спроведе истрага на местото на настанот кога ќе се создадат соодветни услови“, рече Хукичевиќ.