Повредени петмина вработени во руско министерство
Петмина вработени во руското Министерство за вонредни ситуации повредени се денеска кога камион удри во колона нивни возила во регионот Тула.
Припадниците на Министерството за вонредни ситуации биле на пат кон Керч, на Крим, за да учествуваат во акција за чистење мини.
Несреќата се случила кога камион влетал во четири возила кои сопреле поради технички проблеми, при што две возила се оштетени и не можат да го продолжат патот.
Според прелиминарните податоци, можно е возачот на камионот да заспал, но не е повреден.
Во соопштението се додава дека тие се пренесени во болница со полесни повреди, пренесува Тасс.