Повеќето градови во Италија го забранија огнометот за новогодишната ноќ

Рим – Голем број градови во Италија, вклучувајќи ги Рим, Милано, Фиренца и Венеција, воведоа ограничувања за бројот на луѓе на нивните плоштади, како и забрана за новогодишен огномет.
Огнометот ќе биде дозволен на 31 декември во Неапол, градот на југот на земјата, каде вообичаено има и најголем број повредени.
Милано постави црвени зони, во кои не се дозволени огномети или петарди, додека Болоња исто така постави ограничување на бројот на луѓе на своите историски плоштади.