Потопете ги рацете во вода: Тест што ја открива состојбата на вашето срце
Здравото срце е една од најголемите предности во време на брз начин на живот и брза храна. Овој краток тест лесно можете да го направите дома, а наводно ја открива состојбата на вашето срце.
Сè што треба да направите е да наполните сад со ладна вода и да ставите малку мраз. Големината на садот треба да биде таква што да се вклопат и двете дланки. Потоа, потопете ги двете раце во вода и држете 30 секунди. Овој тест може да има два резултати:
1.Прстите ви се бледи, па дури и синкави – ова открива потенцијални проблеми со циркулацијата на крвта во вашето тело и можно е нивото на кислород во крвта да е ниско. Во тој случај, загрејте ги прстите по тестот или масирајте ги за да ја подобрите циркулацијата и да ја вратите нивната боја во нормала.
2.Прстите ви се црвени – ова е добар знак бидејќи црвените прсти покажуваат дека веројатно немате проблеми со нивото на кислород во крвта и дека срцето и циркулацијата на крвта се здрави.